Ракометарите на Еурофарм Пелистер се враќаат со победа  од „Билјанини Извори“, совладувајќи  го Охрид со 24-20 (11-9), во рамките од седмото коло  во плејофот од Супер лигата.

Охрид иако поразени  им пружија солиден отпор на битолчани, кои требаа добро да се испотат за победа во Охрид.

Охрид  на средината од првото полувреме успеа и да поведе со два голови (7-5) разлика но . „Пелистерци“ брзо се консолидираа, и со серија од 4-1 го презедоа водствоо 9-8, а до крајот обезбедија плус два 11-9.

Почетокот на вториот дел не донесе измени што се однесува до резултатот.Гостите ја чуваа предноста,се одлепија на плус четири (18-14), водство кое го преточија во триумф од 24-20.

За охриѓани ова беше трет пораз во седмиот меч, додека битолчани ја забележаа шестата победа.