Ракометарите на Еурофарм Пелистер во рамките од петтото коло на група Д на Лига Европа вечерва му гостуваат на Тримо Требње од Словенија.

Тренерот Жељко Бабиќ со многу респект гледа на анонимниот противник, посебно по победата над Татабања.

„Верувам дека во ова натпреварување нема фаворити, посебно што многу екипи имаа проблеми со ковид-19. Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се поспремни од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим“ – изјави Бабиќ.

Натпреварот Тримо Требње – Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 20:45 часот, а една недела подоцна истите ривали ќе се сретнат во Битола