Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска од 17:45 ќе истрчаат против Татран Прешов во натпреварот од СЕХА лигата.

Битолчани на двете досегашни соочувања со Татран беа поразени со 31:29 и 23:24.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ уверува дека се свесни за квалитетот на словачкот првак но со агресивен и посветен пристап може да се дојде до позитивен резултат.

„ Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка во напад. Тоа веќе им го нагласив на моите ракометари. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел.“– изјави Бабиќ.