Еурофарм Работник и битолската публика утре ќе го дочекаат најголемото име оваа сезона кое доаѓа во градот на „конзулите“. Станува збор за двократниот освојувач на СЕХА лигата, унгарски Веспрем, во рамки на третото коло од СЕХА лигата.

Битолскиот клуб има одличен старт во својата прва сезона во СЕХА лигата, а во првите два меча Еурофарм Работник кои ги  играше на свој терен забележа победи против Спартак Москва, односно Металопластика.

Во групата Б на чело е Веспрем со девет бода од три средби, а Еурофарм е веднаш зад него со шест бода од два меча. Тие се единствените два тима од оваа група без пораз. Победа би можела да ги однесе битолчани на чело на табелата.