Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник аплицираше за „вајлд карта“ во Лигата на шампионите и се надева дека ЕХФ ќе излезе во пресрет и на 25 јуни во Виена ќе одлучи позитивно на барањето на битолскиот клуб.

Конкуренцијата за покана за учество во Лигата на шампионите е огромна и нема да биде лесно да се добие довербата на Европската куќа на ракометот.

Еурофарм Работник сериозно се засили во пресрет на новата сезона, создава тим за големи резултати и ако ја добие довербата од ЕХФ на 25 јуни сигурно дека нема да разочара.

Клубови кои аплицираа за „вајлд-карта“:

ГОГ (Данска)

Ирун Бидасоа (Шпанија)

Монпелје (Франција)

Нант (Франција)

Шамбери (Франција)

Кил (Германија)

Магдебург (Германија)

ПИК Сегед (Унгарија)

Хендбол Еш (Луксембург)

Еурофарм Работник (Македонија)

Металург (Македонија)

Арендал Елит (Норвешка)

Виспа Плок (Полска)

Спортинг (Португалија)

Кристијанштад (Шведска)