Без повредените Јотиќ и Стјепановиќ со но мотив за докажување пред домашната публика, ракометарите на Еурофарм Работник денеска од 17 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го дочекуваат Татран Прешов во натпревар од 5 коло во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Победата над Кокс во минатото коло во групата Ц го скрши „мразот“ за тимот на Алушовски а паузата без натпревар од една недела овозможи подобра подготовка и анализа за она што ги очекува денеска момците во сино бели дресови.

Го анализиравме Татран и верувам дека ќе се радуваме на победа. Имаат искусна екипа, искусен тренер како Голужа, кој исклучително го ценам и нема да биде лесно. Нашите шанси за пласман во следната фаза се минимални, но уште постојат и не сме се предале од идејата дека сме екипа која може да игра со најдобрите.“ – вели  Алушовски.

Татран во Битола доаѓа по победата над Сала во ракометниот шампионат на Словачка.