Стевче Алушовски се соочува со мали проблеми пред утрешниот натрпевар во Битола во воведното коло од деби сезоната на Еурофарм работник во СЕХА лигата.

Веќе познато е дека новото засилување Анже Ратајац нема да игра до крајот на оваа година но на списокот недостапни се приклучија и македонските репрезентативци, Никола Митревски и Милорад Кикоски.

Постојат мали шанси искусните ракометари да бидат во игра за дуелот со Спартак но тоа ќе се знае утре.

„Имавме одлични и напорни подготовки, а исто така одигравме многу квалитетни пријателски натпревари. Да бидам искрен среќен сум што по 14 години Битола повторно ќе гледа елитен ракомет и натпревари од Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Нашиот прв противник е доста квалитетен, во своите редови има неколку руски репрезентативци и затоа очекувам еден тежок и цврст натпревар. Наше е да го дадеме максимумот на овој меч и да ја стартуваме лигата со победа“. – изјави Стевче Алушовски

Натпреварот Еурофарм Работник – Спартак Москва ќе се игра во среда од 20:45 во Битола.