Битолски Еурофарм Работник, денска ќе го одигра првиот меч на турнирот во Добој, традиционален на кој покрај нашата екипа ќе учествуваат уште пет други екипи.

Според програмата, Еурофарм Работник вечерва се среќава со Луцерн од 21 часот, потоа следуваат мечевите со Слога Добој (утре,19-15ч.) која е домаќин на турнирот, во четврток нашиот тим е слободен.

Во петок, противник на тимот од Битола е екипата на Пекинг Спорт од Кина, в сабота се мечевите за пласман и финалето.

Покрај Еурофарм Работник  и домаќинот Слога Добој ќе учествуваат, Татран Прешов, Извиѓач, Шартр, Луцерн  и Пекинг Спорт.