Еурофарм одигра добро, но не доволно за бодови од гостувањето кај во Финска, Рихмаен Кокс победи со два разлика, 23-21, во еден израмнет натпревар по кој екипата од Битола запиша пораз.

По првиот дел немаше никој не создаде предност, голманот Шицко одбрани шест удари на Еурофарм Работник додека Луканчук со четири погодоци обезбеди нерешен резултат, 13-13 на полувреме.

Второто полувреме донесе израмнета игра со  16 израмнувања на резултатот, конечно во финишот, екипата на Рихмаен Кокс имаа повеќе концентрација и запишаа победа со два разлика.

Еурофарм Работник нема победа на гости и по средбата во Финска, остануваат на нула и со новиот пораз се последни во групата.

Јотиќ со пет и Остроушко со четири гола најефикасни кај тимот од Битола. Следната недела Еурофарм Работник го пречекува Бидасоа Ирун.