Ракометарите на Еурофарм Работник денеска од 17 часот се домаќини на Кокс во натпревар од 4 рунда од групната фаза во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Без повредените Маркоски, Стјепановиќ и Јотиќ, и со сериозен замор поради згуснатиот распоред, избраниците на Стевче Алушовски денеска имаат сериозен предизвик.

„Финците се незгоден противник, го изненадија Татран Прешов пред неколку недели. Кокс е екипата која три години игра заедно и не смееме ниту да ги потцениме, ниту да ги прецениме.“ – изјави тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски

Домаќинот нема победа во деби сезоната во елитата додека нивниот противник по три кола има скор од еден триумф и два порази.