Ракометарите на Еурофарм Работник денеска на мечот против Бидасоа Ирун ќе го одиграат својот последен меч од дебитанската сезона во Лигата на шампиони.

Натпреварот се игра од 17:30 часот во салата „Боро Чурлевски“, а „фармацевтите“ ќе се обидат да го изненадат лидерот во групата шпански Бидасоа Ирун, кој веќе е пласиран во плеј-офот.  Еурофарм Работник на денешниот меч ќе биде воден од двоецот Божидар Мојсов и Ице Соколески, по отказот разделбата со доскорашниот тренер Стевче Алушовски.

Битолчани на овој меч за разлика од претходните влегуваат без притисок, а тоа е шанса да се обидат да одиграат добра средба против фаворитот Бидасоа.