Вториот наш претставник во ракометната ЛШ Еурофарм Работник од Битола своите настапи во најквалитетното натпреварување ќе го почне на домашен терен против Спортинг Лисабон во период од 11-15 септември годинава, а во следното коло гостува кај Савехоф од 18-22 септември.

Само седум дена подоцна Битолчани гостуваат кај Бидасоа од Шпанија во третото коло.
Во четвртото коло Е. Работник ќе го пречека Кокс од 9-13 октомври, а една недела подоцна во Македонија ќе гостува и Татран Прешов.

Во шестото коло кое се игра од 30 октомври до трети ноември Еурофарм гостува кај Татран, додека во седмото коло Битолчани ќе заминат во Лисабон за да се пресметаат со Спортинг.

Потоа гостува Савехоф кај Еурофарм во осмото коло од 13-17 ноември, а една недела подоцна Е. Работник ќе игра против Кокс на гости, додека групната ја завршува против шпанската Бидасоа на домашен терен.