По победата над Веспрем во Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Работник денеска од 19 часот ќе истрчаат на теренот на ППД Загреб во натпревар од 5 коло од СЕХА лигата.

Избраниците на Стевче Алушовски влегуваат со голем мотив во денешениот дуел со загребчани. Заборавена е лошата среќа во елитата на ЕХФ, а од друга страна во регионалната конкуренција имаат три од три.

Загреб е во лоша форма, ги загуби последните четири натпревари, еден во СЕХА лигата и три во Лигата на шампионите па нашиот втор преставник покрај РК Вардар во регионалното друштво е фаворит за денешната пресметка.