Ракометарите на Еурофарм Работник  се убедливо совладани од Спортинг на гости со 36-26, на полувреме 17-11.

Спортинг имаше предност во текот на целиот натпревар,Еурофарм Работник само четири пати стигна до израмнување на средбата.

Домашниот тим комплетно доминираше на нтпреварот во двете полувремиња и ја запиша четвртата победа во конкуренцијата  Ц.

Кај тимот од Битола се истакнаа Остроушко и Јотиќ со по осум голови, следно за Еурофарм Работник е мечот со Савехов следниот викенд на домашен терен.