Македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник, со пораз ги стартуваше настапите во Лигата на шампионите.

Синоќа, во својот деби настап во ракометната елита загубија во тесен меч од Спортинг Лисабон со 29-30. Сепак, тој пораз е добро што побрзо да го заборават бидејќи за само 3 дена им следува нов меч од шампионската лига, овој пат против Савехоф.

Со директна линија од Скопје до Гетеборг, утрово делегацијата на Еурофарм Работник се стационира во Шведска. Попладне, Алушовски ќе ја има првата прозивка на шведско тло, а подготовките за овој меч ќе ги затвори утре, за кога е закажан официјалниот тренинг.