Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе се соочат со Рајн Некар Левен во третото коло од Групата Д во Европската лига на ЕХФ.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Гоце Ојлески и член на битолскиот тим вели дека противникот е фаворит но тие нема што да загубат.

„Не е лесно да се игра против нив, посебно на гостински терен. Нема што да загубиме, одиме да играме европски ракомет и можеме само да добиеме и да се воиграме за следните натпревари кои ни следуваат.“ – вели Ојлески.

Предводникот на Еурофарм Работник, Жељко Бабиќ ја прифати аусајдерската улога пред денешниот дуел со Рајн Некар Левен во Европската лига.

„Се надевам дека ќе одиграме како и секогаш цврста одбрана. Притисокот мислам дека нема врска ни за нас, ни за нив. Треба да бидеме опуштени за да го дадеме максималниот потенцијал. Но, верувам дека притисокот нема врска и секој ќе го даде максимумот.“ – изјави Бабиќ.