Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Бидасоа Ирун со 25:23 пред домашната публика во „Боро Чурлевски“ во полседното коло од групната фаза во деби настапот во Лигата на шампиони на ЕХФ.

Првото полувреме му припадна на гостинот од Шпанија кој на паузазамина со предност од 14:15 благодарение на упорноста на домаќните во завршните десет минути и одличната игра во одбрана.

Во второто полувреме видовме поинаков Еурофарм, профункционира нападот кој предводен од Остроушко и неговите осум гола дојде до победа од два разлика.. Ѓокиќ и Марковски со по четири гола исто така се издвоија за домаќините, кај Бидасоа Сери постигна девет гола.

Еурофарм во деби сезоната во Лигата на шампионите на ЕХФ во гурпата Ц запиша три победи и седум порази кои се недоволни за пласман во следната фаза.