Битолскиот прволигаш, Еурофарм Работник вечерва од 19 часот во „Боро Чурлевски“ ќе го дочека Мешков Брест во натпревар од 8 коло во СЕХА лигата.

По поразот од Татран Прешов во Лигата на шампионите, избраниците на Стевче Алушовски се пред нов сериозен тест, дуел со екипата која загуби од Вардар во Лигата на шампионите минатиот викенд.

„Ова за нас е меч топка за што подобар пласман и подобра стартна позиција напролет. Се надевам дека сите ракометарите ќе го сфатат натпреварот максимално сериозно и на крајот ќе се радуваме.“ – изјави тренерот на Работник, Алушовски.

На првото овосезонско соочување на овие два тима во СЕХА лигата, Мешков победи на домашен терен со 31:22.