Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Работник денес ги започна подготовките во пресрет на новата сезона во која екипата предводена од Стевче Алушовски ќе настапи во Лигата на шампиони и регионалната СЕХА лига.

Во новата сезона Алушовски има дури седум нови ракометари репрезентативците Никола Митревски, Велко Марковски и Бојан Маџовски, како и странските засилувања Александар Шевелев, Ловро Јотиќ, Марин Вегар и Анже Ратајац.

Од утре ракометарите на овој клуб ќе се преселат во Маврово, каде ќе го одработат главниот дел од подготовките, а потоа следуваат настапите на двата подготвителни турнири во Струга и Добој.