Ракометарите на Еурофарм Работник денес ќе ја бркаат трета победа во Лигата на шампиони, неколку дена по големиот триумф над Савехоф кој беше совладан во Битола.

Противник на „фармацевтите“ им е Фински Рихмаен Кокс кои е во серија од 3 последовни порази и се наоѓа на последната позиција на табелата во групата Ц со 4 бода исто колку што има и македонскиот вицепрвак, но е претпоследен поради подобрата гол разлика.

Првиот меч во Битола меѓу овие два тима заврши со 31-30 за македонскиот претставник, а ниту денес ништо полесна задача нема да имаат избраниците на Стево Алушовски. Сепак, по триумфот над Савехоф битолчнани влегуваат како благи фаворити во овој дуел и со далеку поголема самодоверба која е неопходна за нова победа во Лигата на шампиони.

Мечот меѓу Рихмаен Кокс и Еурофарм Работник се игра денес од 18 часот.