Вардар и Еурофарм Работник ќе не претставуваат во ракометната Лига на шампионите, ЕХФ потврди дека тимот од Битола ќе игра директно во фазата по групи во елитното натпреварување.

Еурофарм Работник доби вајлд карта од ЕХФ  и по само три години стигна до учество Лигата на шампионите и ќе игра во Цили Д групата во новата сезона со директен пласман.

Металург  е тимот кој не доби можност за настап во ЛШ, тимот од Автокоманда по 9 години нема да биде дел од елитата.