Ракометарите на Еурофарм Работник ја посакуваа но не стигнаа до првата гостинска победа во деби сезоната во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Татран Прешов успеа да ја задржи концентрацијата и на крајот на слави со 31:29, на полувремето домаќинот имаше минимална предност од 15:14.

Најефикасен во составот на Татран беше Рабек со десет гола, Урбан постигна шест. Кај Еурофарм Работник повторно најпрецизен беше Остроушко со седум гола, Јотиќ мечот го заврши со пет гола.

Во следното седмо коло од ЛШ, Еурофарм работник ќе го пречека Савехоф.