Македонскиот преставник во втората квалилитативна групата во Лигата на шампионите на ЕХФ, Еурофарм Работник беше поразен во финалето од Шартр на турнирот вбо Добој.

Регуларниоте 60 минути завршија без победник 22:22 по што победникот беше одлучен по пенал рулетот. Битолчани имаа реални шанси за победа во финалето откако имаа и предност од 5 гола по првото полувреме а на пауза заминаа со предност од еден гол.

Во второто полувреме екипата од Франција се врати во ритам и дојде до нерешен резултат во регуларниот дел. Кузмановски и Чурлевски беа трагичари за тимот од Битола откако не резализираа во пенал рулетот.