Македонскиот преставник во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник од денеска ги започнува подготовките за новата сезона. Избраниците на Стевче Алушовски од денеска ќе тренираат во Маврово.

Според предвидениот план, екипата од Битола подготовките во Маврово ќе ги одработи во две фази. Ќе се работи на подигнување на физичката форма но и на зацврстување на разбирањето меѓу играчите и новите засилувања.

„Верувам дека ќе бидеме здрави и добро ќе се подготвиме, а потоа на теренот со секој противник ќе играме рамноправно. Ги знаеме ривалите, распоредот, планот на подготовките, сега на нас е да бидеме подготвени за тоа што не очекува“ – изјави Алушовски.

Првите контролни натпревари, Еурофарм Работник ќе ги има во средината на август со учеството на меѓународниот турнир во Струга.