Ракометарите на Еурофарм Работник денеска до 19:30 ќе му гостуваат на Спортинг во натрпевар од седмото коло во групата Ц во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Стевче Алушовски и денеска нема да може да сметна на Маркоски и Кукоски кои останаа во Битока а надвор од конкуренција се Стјепановиќ и Вегар. Според последните информации денеска најверојатно шанса ќе добие Елмир Граџан кој го пропушти вчерашниот тренинг поради мала повреда на ногата.

Еурофарм Работник по шест одиграни натпревари во Ц конкуренцијата е на последното место со скор од пет порази и една победа.