Ракометарите на битолски Еурофарм добија нов капитен во пресрет на стартот на сезоната во својот прв голман Градимир Чаневски.

Искусниот, 32-годишен голман, своето деби со капитенската лента меѓу стативите на Еурофарм ќе го има денеска на пријателскиот натпревар против скопски Металург.

Натпрвеарот, со кој ракометот се враќа во Македонија по петмесечна пауза поради коронавирусот, ќе се одигра попладнево во спортската сала во Маврово.