Европскиот ракометен првак Вардар на 24 јули ќе ги стартува подготовките за новата сезона. Според планот ракометарите во Скопје ќе тренираат една седмица, пред да заминат во Требиње, каде што ќе продолжат со подготовките.

Во спортскиот комплекс „Град на сонцето“, Вардар ќе биде дел од турнирот во организација на клубот Леотар, каде ќе настапат уште четири тима.

Македонскиот шампион ќе биде дел од групата А, заедно со екипите на Борац Бања Лука и домаќинот од Требиње, додека во групата Б се Металопластика,Изола и Извиѓач.

Првопласираните две екипи од групите ќе играат во финалето, второпласираните за третото место, додека третопласираните ќе се борат за пласман на петто место.

Вардарци натпреварите од групата ќе ги одиграат во еден ден, вториот ден ќе бидат слободни, додека на 11 август ќе играат за пласман. По турнирот во Требиње тимот се враќа во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките пред настапот на Супер Глоуб турнирот.