Второто езерско дерби сезонава помина без поголема еуфорија, поради евидентната разлика во квалитетот на двете екипи.

Тимот на Раде Стојановиќ беше огромен фаворит на овој натпревар, особено мотивиран да им се врати на победите по поразот од РК Бутел Скопје во минатото коло.

Но, почетокот на средбата изненади со рамноправната игра на Струга, која долго време успешно се спротиставуваше. Така беше до резултат 9:9, за потоа конечно да се разиграат ракометарите на Охрид, кои на полувреме заминаа со предност од 5 гола, 15.10.

Второто полувреме мина во рутинска игра на Охрид, кој ја задржа предноста, па и ја зголеми до конечни 31:24.

По 16. одиграни кола, Охрид е второпласиран и со веќе поодамна осигурен плеј-оф, додека Струга ја чека тешка борба за опстанок.

 

РК Охрид – РК Струга  31:24 (15:10)

РК Охрид: Брауновиќ, Даниловски, Андоноски 1, Кривокапиќ 1, Блажески 9, Костов 3, Николов, Цителишвили 1, Соколов 1, Таески, Манасков 2, Ивновски 4, Ристески 4, Димитриески, Анастасовски 2, Тот 3.   Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.

РК Струга: Стојаноски, Мечкароски, Маркоски 2, Кузманоски7, Крстаноски 1, Донев, Белистојановски, Јанкулоски 1, Димитријески, Рајатоски 4, Ферукоски, Костоски 2, Симоноски, Трајкоски 2, Новаковиќ 2, Мекиќ 3.   Седмерци: 5/5, Исклучувања: 4 мин.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.