ЕХФ на официјалната страница потврди дека фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони во женска конкуренција ќе се игра пред публика.

Бројот на гледачи секако ќе биде ограничен поради Ковид-19 , а тоа значи дека арената „Ласло Пап“ ќе може да исполни 50% од својот капацитет односно за финалето се пуштени 6000 карти за гледачите.

Ф4 ќе се одржи во Будимпешта од 29 до 30 мај, Македонија ќе има свој претставник, Сара Ристовска и ЦСКА Москва за првпат обезбедија место на завршницата. За го имаат Вајперс Кристијансанд, во другото полуфинале ќе се сретнат Ѓер и Брест Бретањ.

Цената на влезниците за фајна-фор завршницата се движи од 28 до 150 евра за билет.