Машката ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Еуро, групата е силна со Словенија, Црна Гора и Данска.

Македонија своите натпревари ќе ги игра во Дебрецин, Унгарија. Иако пандемијата од коронавирусот сè уште носи неизвесност, македонските навивачи ќе можат уште од сега да ги купат билетите кои се онлајн на продажба.

Ризикот секако постои, но навивачите можат да аплицираат на овој ЛИНК за натпреварите со следниот распоред во 2022 година.

Распоред на натпревари, група А:

13 Јануари:  Македонија – Словенија
15 Јануари: Македонија – Црна Гора
17 Јануари: Македонија – Данска