Денеска беа одиграни завршните седум натпревари од првата елиминациска рудна во ракометниот Куп на Македонија, со што продолжи трендот на очекувани резултати и убедливи победи на фаворитите, како Металург, Еурофарм Пелистер и Голден Арт КЛ7.

Шеснаесете екипи кои обезбедија пласман во следната фаза од Купот, сега ќе бидат распоредени во четири групи од по четири тимови.

Резултати:

Партизан – Голден Арт КЛ7 19:45

Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 45:11

МРК Куманово – РК Металург 26:36

Металург РА – Радовиш 25:30

Делчево Вардар – Охрид 12:45

Астраион – Македонија ЃП 31:19

Младост Богданци – Скопје 29:28

Вчера пласман во следната фаза од Купот изборија: Вардар 1961, Струга, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Бутел, Прилеп, Работнички, Тиквеш и Јуниор.