Екипата на Прилеп доби  засилување во името на повремениот македонски репрезентативец Филип Чурлевски.

Чурлевски доаѓа од Еурофарм Пелистер во кои нема место за него следната сезона. Битолчанецот покрај матичниот Пелистер во кариерата го носеше дресот и на Вардар Јуниор.

Чурлевски е петто засилување за Прилеп, а претходно во градот под марковите кули пристигнаа Грузијците Реваз Чантурија и Зураб Цинцадзе, како и  Манчески и Шокоски.