Во рамките на 25. коло на ракометната Бундеслига, вечерва се одиграни неколку натпревари меѓу екипи кои во својот состав имаат македонски интернационалци.

Магдебург и Филип Кузмановски и гостуваа на екипата на Балинген, за која настапува Филип Талески. По голема борба славеше гостинскиот тим во чии редови Кузмановски оствари идеални 5 од 5, за разлика од Талески, кој остана без постигнат гол. Со оваа, 17-та, победа Магдебург барем за момент изби на третата позиција на табелата, зад Кил и Фленсбург, додека Балинген го забележа 16-тиот пораз и остана на претпоследното место кое води во Бундеслига 2.

Балинген – Магдебург  32:34 (16:18)

Вецлар, чиј капитен е Филип Миркуловски, забележа гостински пораз кај Лемго. Поранешниот македонски репрезентативец постигна два гола на овој натпревар, но не успеа да го спречи 11-от пораз на својот тим, кој ја задржа осмата позиција на табелата.

Лемго – Вецлар  32:27 (14:14)

Екипата на Лудвигсхафен, за која брани нашиот Мартин Томовски, оствари извонреден успех со важната гостинска победа против Ерланген. Лудвигсхафен грчевито се бори за опстанок и овие бодови даваат надеж дека тимот ќе успее да се избори за место надвор од опасната зона. Томовски на оваа средба забележатри одбрани.

Ерланген – Лудвигсхафен  23:27 (11:12)