Германските ракометни екипи веќе играат пријателски натпревари во пресрет на новата сезона.

Ракометарите на Магдебург, каде што во следната сезона ќе игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, се наоѓаат на подготовки во местото Ашерслебен и веќе го одиграа првиот меч.

Натпреварот против Лајпциг се играше два пати по 20 минути. На десетина секунди до крајот, при резултат 13-13, голманот на Магдебург одбрани пенал, па тренерот викна тајм-аут. Беше договорена акција за нашиот бек кој во последната секунда го погоди голот на ривалот за конечни 14-13.

Следен пријателски натпревар, Магдебург ќе го одигра на 23 јули против Хутенберг.