Македонскиот сениорски ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски ги мина лекарските прегледи и официјално стана дел од бундеслигашот Магдебург.

„Сакам да му се приклучам на тимот што поскоро. Веќе знам и по некој збор на германски јазик. Магдебург покажа одлични перформанси минатата сезона, има одличен состав и тренер. Среќен сум што сум тука“ – изјави Кузмановски за официјалниот клупски сајт.

Магдебург во рамките на подготовките за новата сезона ќе одигра повеќе контролни натпревари. Ова е одлична шанса за нашиот репрезентативец брзо да се вклопи во тактиката на поранешниот европски и германски шампион.