Европскиот ракометен првак, Вардар попладнево му гостува на Порто во натпревар од 13 коло од групната фаза во Лигата на шампионите на ЕХФ.

По триумфот над Мотор Запорожје, избраниците на Стевче Алушовски го заверија пласманот во осминафиналето и следна цел е зацврстување на петото место на табелата во групата Б.

Тренерот на „црвено-црните“ направи една измена во составот во споредба со оној кој истрча против Мотор. На местото на голамнот Васил Гогов повикано е десното крило, Ален Ќосевски.

„Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот.” – изјави Стевче Алушовски, тренерот на Вардар.

На првото овосезонско соочување на овие два тима во Скопје, Вардар победи со 32:27.