Вардар утре против Мешков Брест го игра мечот од 2 коло во Лигата на шампионите, македонскиот шампион ќе ја има поддршката од навивачите, 1800 билети се пуштени во продажба.

Како што информираат од РК Вардар 1961, билети ќе можат да се купат и пред мечот, секако според протоколите кои се актуелни во државата.

Средбата е закажана за утре со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“, оние навивачи кои не ги исполнуваат бараните протоколи за влез во салата, ќе можат натпреварот на Вардар да го проследат со пренос на ТВ Аренаспорт 4.

ИНФОРМАЦИЈА ОД РК ВАРДАР :

Билети за Мешков ќе се продаваат и пред салата

За натпреварот од 2. коло од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Мешков билети ќе може да се купат и пред самиот меч, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“

Средбата е закажана за 22 септември со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:
Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.
Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.
Блок 1,2 и 9 – 350 ден

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.