Ракометарите на Еурофарм Работник денеска заминаа за Данска, каде утре ќе се соочат со Гудме во Европската лига на ЕХФ.

Битолчани утре ќе одработат еден тренинг, по што Бабиќ ќе го направи списокот на играчи кои ќе бидат пријавени за натпреварот до тимот од Данска.

Во Скандинавија не отпатуваа Ѓукиќ, Граџан и Кукуловски.