Еурофарм Работник дефинитивно се трансформираше во Еурофарм Пелистер, по неговата регистрација во Централниот регистар на Македонија.

Почитувани љубители на ракометот, навивачи на РК Еурофарм Пелистер.
Ве информираме дека официјално се завршени административните постапки за трансформацијата на РК Еурофарм Работник во Еурофарм Пелистер. Добиената документација сега е доставена и до сите надлежни ракометни организации и со големо задоволство можеме да објавиме дека во наредниот период нашата екипа на сите натпревари ќе настапува под името и со дресови на РК Еурофарм Пелистер“, објави на фејсбук Еурофарм Пелистер.