Вечерва во Швајцарија, од 20-45 часот,  Еурофарм Пелситер  му гостува на Кадетен Шафхаузен, од исходот на овој натпревар ќе биде познато против кои ривали од групата Ц ќе се сретнат двата тима, кои уште од пред едно коло и математички го обезбедија пласманот во осминафиналето.

Битолчани одржаа еден тренинг  во „ББС Арена“ во Шафхаузен, тренерот Жељко Бабиќ го одреди и составот за оваа средба,  трибините ќе бидат празни.

Швајцарскиот првак има само еден домашен пораз (од Рајн Некар Левен), а Еурофарм Пелистер забележа гостинска победа само против Татабања (иако натпреварот се играше во Битола).