Екс играчот на Вардар и миленик на скопскатa публика Игор Карачиќ одигра блескава партија за полскиот првак Киелце во триумфот над ПСЖ од 35-33 во ракометната Лига на шампиони.

Францускиот првак беше пред триумф и на пет минути пред крајот имаше водство од 31-30, но тогаш стапи на сцена Карачиќ и со четири гола во финишот му донесе голем триумф на полскиот шампион.

Карачиќ мечот го заврши со фантастични 13 голови зад своето име, а добра партија имаше и неговиот поранешен соиграч во „црвено – црниот дрес“ Алекс Душебаев со седум голови.