Голманот на Вардар , Борко Ристовски беше позитивен на Ковид-19 и остана во Хрватска се додека не добие позитивен тест за корона вирусот.

За прв пат во услови на пандемија од ковид-19, една спортска организација, во случајов СЕХА елиминира тим од понатамошно учество (Ф4 турнир) поради само еден позитивен играч на вирусот.

Борко Ристовски за жал беше позитивен, за среќа е без симптоми, СЕХА го елиминира Вардар од завршниот турнир, иако нашиот голман имаше контакти со противничкиот клуб ППД Загреб, токму тој ќе оди на завршницата за борба на титулата.

Македонскиот голман , денеска објави слика на социјалните мрежи дека нема предавање и откри дека се чувствува добро.

Тој на социјалните мрежи стави своја фотографија на која напиша… „Лавот никогаш не потклекнува пред другите“