Екипата на РК Бутел Скопје победнички се врати од гостувањето во Автокоманда, каде оствари убедлива победа против вториот тим на Металург.

Ако првото полувреме мина во колку толку рамноправна игра, тогаш во вториот дел дојде до коплетен колапс во играта на Металург 2. Бројните грешки, поискусниот тим на Бутел Скопје ги претвори во голови и средбата ја заврши со разлика од дури 11 голови.

Бутел Скопје во само три дена оствари две победи, откако претходно оствари значајна победа против Охрид. Екипата на Бутел со оваа победа го задржа третото место на табелата.

РК Металург 2 – РК Бутел Скопје  17:28 (12:14)

РК Металург 2: Ацевски, Таневски, Михајлов, Фидановски, Трајковски 1, Мелоски 3, Кофиловски 4, Савковиќ 1, Шокоски 2, Георгиевски, Стоилевски 1, Прцуловски, Стојановиќ 5, Гајиќ, Додиќ, Ефтимов.    Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.

РК Бутел Скопје: Даскалоски, Блажевски, Димов 7, Младеновски, Стојановски 2, Ѓеоргиевски 7, Божиновски 4, Димовски 1, Спасовски, Мојсоски, Милошевски 2, Печенковски, Василевски 3, Мајиќ, Сулима 2, Николиќ.    Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.

Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.