Македонскиот ракометен прволигаш, Бутел со победа дебитираше во европските купови откако вечерва го совлада украински ЗТР Запорожје со 18:14.

Натпреварот ќе остане запаметен по катастрофалната ефикасност на двата тима. По првото полувреме Бутел водеше со 8:7  а во вториот дел постигна десет гола, три повеќе од противникот.

Со оваа предност Бутел ќе патува на реваншот во Запорожје закажан за 13 октомври.

На денешниот меч, Мајиќ со седум гола беше најефикасен во редовите на Бутел, за противникот Тилте постигна четири гола.