Иван Чупиќ го напушта Вардар, ова го тврди „Хендбол-планет“ кој најавува голем трансфер на лето.

Хрватот веќе потпишал договор со Загреб и се враќа во татковината, има 35 години и во Вардар е од пред пет години, догворот со црвено-црните му завршува ова лето.

За Чупиќ ППД Загреб ќе биде шести клуб во кариерата, играше за Рајн Некар Ловен, Горење,  Октавио Пилотес и Медвешчак.