Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков не е меѓу тројцата заразени во Веспрем со Ковид-19.

Кентан Мае, Блаж Благотиншек и Мате Лекаи добија позитивен корона тест. Ова значи дека Манасков ќе биде во комбинација за настап за следниот предизвик на Веспрем.

Секако поважно е тоа што ќе може дојде во Скопје на 30 септември за кога е закажан собирот на нашата сениорска репрезентација.

Македонија на 4 ноември во Скопје ја пречекува Финска а потоа на 7 ќе гостува кај Швајцарија.