Хрватскиот ракометен репрезентативец Домагој Дувњак на социјалните мрежи откри дека станал татко.
Тој ја објави првата фотографија на која ја држи раката на својот син и кратко порача „14.5.2020 Шиме“.
Ракометарот доби лавина коментари со честитки. Дувњак приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста, а во тајност се ожени и со долгогодишната девојка Луција. За свадбата и денес не се познати никакви детали.
Comments are closed for this post.