ЕХФ го објави идеалниот тим на првенството, а во него се најдоа дури двајца поранешни ракометари на Вардар.

Идеалниот тим е избран со гласовите на навивачите (40 %) и со гласовите на стручното жири на ЕХФ (60 %).

За МВП на првенството е избран хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак, а го бираше стручното жири на ЕХФ.

 

Идеален тим:

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)

Лево крило: Магнус Јондал (Норвешка)

Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Среден бек: Игор Карачиќ (Хрватска)

Десен бек: Хорхе Македа (Шпанија)

Десно крило: Блаж Јанц (Словенија)

Пикер: Бенце Банхиди (Унгарија)

Најдобар дефанзивец:  Хендрик Пекелер (Германија)

………………

МВП:  Домагој Дувњак (Хрватска)