Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 полека, но сигурно го склопуваат играчкиот мозаик за сезоната 2020/21.

Денеска вториот тим на битолчани, кој од следната сезона ќе настапува во Првата Суперлига на Македонија, ја продолжи соработката со четворица „бисери“ на битолскиот клуб.

Станува збор за десните бекови Симон Мирчевски и Дејан Југовски, голманот Димитар Бардакоски и левиот бек Христијан Митревски. Четворицата денес позираа при потписот со спортскиот директор на клубот Димитар Митревски.