Со денешното финиширање на квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка стана јасно кои 24 репрезентации ќе играат на шампионатот што ќе се одржи во јануари.

ЕХФ веќе им посака добредојде на земјите кои ќе земат учество, Станува збор за дури 22 репрезентации од оние кои играа на последното Европско првенство. Единствените земји кои ќе ги нема, а играа на претходниот шампионат се Швајцарија и Летонија. На нивното место се Словачка и Литванија.

Шампионатот ќе се одржи од 13 до 30 јануари. а ќе се игра во пет града. Унгарија ќе биде домаќин во Будимпешта, Дебрецен и Сегед, додека Словачка ќе ги пречека репрезентациите во Братислава и Кошице.